Адвокатката на кампањата на Доналд Трамп, Сидни Пауел, денеска изјави дека нејзиниот правен тим ќе биде подготвен, пред судовите да ги докаже сите тврдења околу изборите во наредните две недели, бидејќи како што вели – имаат собрано доволен број на докази.
– Имаме собрано повеќе докази отколку што јавноста и медиумите можат да замислат, изјави Пауел на Фокс Бизнис.
Пауел ја обвини компанијата „Гласачки Системи Доминион“ за тоа дека нивниот софтвер бил користен со цел да се одземат гласови од претседателот Трамп и да се префрлат кај кандидатот на демократите, Џо Бајден, како и тоа дека компанијата имала конекции со властите во Венецуела.
– Она што можам да ви го кажам е дека компанијата Доминион можеби некако ги прекинала или се обидела да ги прекине односите неодамна, не знам како контактираат, но можам со сигурност да ви потврдам дека компанијата Доминион е основана со пари од Венецуела, со посебна цел за местење на изборите во полза на Хуго Чавез, рече Пауел.
Пауел исто така изјави дека поседуваат докази од луѓе кои биле во собите за броење гласови и со свои очи виделе како машините на Доминион ги вртат гласовите од Трамп кон Бајден.
– Моментално поседуваме доказ за тоа дека информациите од системот патувале до три или четири странски земји за време на изборите, а тие земји можеле да гледаат во живо како гласовите стигаат и се менуваат. Поседуваме сериозни докази за странско вмешување од страна на најлошите комунистички земји во нашите избори, додаде една од главните адвокати на Доналд Трамп.
Доминион жестоко ги отфрли овие тврдења на кампањата и настојува кон изјавата дека нивната компанија нема никаква повзаност со Венецуела или друга земја и дека нема никаква способност да ги следи гласовите во вистинско време.
Сидни Пауел заврши со изјавата дека има докази кои се математички, потврдени од три професори на Принстон и сите овие докази го докажуваат тврдењето на набљудувачите кои виделе како ова се случува со своите очи.