Свет 07. март 2019. / 22:21

Администрацијата на Доналд Трамп нема планови за воена интервенција во Венецуела

Администрацијата на Доналд Трамп нема планови за воена интервенција во Венецуела

Официјални претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјавиja дека нема планови американската армија да интервенира во Венецуела, и покрај тоа што шефот на Белата куќа и други функционери повторуваат дека се разгледуваат сите опции.

Специјалниот американски претставник за Венецуела, Елиот Абрамс и директорот на УСАИД, Марк Грин, нагласија пред сенатскиот Комитет за надворешни работи дека администрацијата на Трамп промовира мирна политичка транзиција во Венецуела.

Абрамс рече дека администрацијата на Трамп е целосно фокусирана на вршењето дипломатски и економски притисок врз претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, преку санкции.

Тој рече дека воведувањето наскоро ќе биде објавено за нови санкции и дека тие би можеле да бидат насочени против некои странски банки, ако се открие дека тие му помагаат на Мадуро.