Свет 01. јануари 2019. / 15:03

Абортусот е најголем убиец во светот за 2018: Дури 41 милион убиени!

Абортусот е најголем убиец во светот за 2018: Дури 41 милион убиени!

Минатата година беа изведени околу 41,9 милиони абортуси, објави Worldmeters. За споредба, 8,2 милиони луѓе умреа од рак во 2018 година, 5 милиони поради пушење и 1,7 милиони од  ХИВ/СИДА.

Worldmeters е еден од водечките сајтови на Американската асоцијација на библиотеки, која располага со најголемите светски статистики, вклучувајќи популација, раѓања, смрт, објавени книги, произведени автомобили и CO2 емисии.

Исто така ја регистрира бројката и на абортуси во светот, базирана на најновите статистики за абортус објавени од Светската здравствена организација.

Глобално, околу 23 проценти од зачнувањата завршија со абортус, или на секои 33 живо родени, десет фетуси беа абортирани.

Во 2018 година имало повеќе смрт од абортус, отколку од рак, маларија, ХИВ/СИДА, пушење, алкохол и сообраќајки заедно.

Во 2018 година, исто така, беше укинат и Осмиот амандман на Ирска, еден од последните закони за препознавање и заштита на правото на живот на неродените деца.

Минатата недела, одделот за здравство на Обединетото Кралство, откри дека во 2017 година, абортусот таму бил највисок во последните 10 години.

Годишниот Марш за живот во САД ќе се одржи во Вашингтон, на 18 јануари 2019 на тема „Единствен од првиот ден”.

Наведената цел на маршот е да се стави крај на абортусот преку „обединување, едукација и мобилизирање на лицата што се про-живот на јавниот плоштад”.

Годишниот марш ја одбележува одлуката на Врховниот суд од 22 јануари 1973 година во Roe v. Wade која ги поништи 50 државни закони и го направи абортусот легален и достапен по претходно барање.