Во новата книга „Welcome to Disneyland“ можат да се најдат фотографии од самите почетоци на идејата за Дизниленд. Она што некогаш беше мала фантазија во умот на Волт Дизни прерасна во спектакуларен забавен парк за кого луѓето се подготвени да чекаат со години за да го видат.
Во 1954 година, Волт Дизни излезе на телевизија и отворено, пред целата публика ја презентираше идејата за изградба на Дизниленд. Иако во текот на неговото отворање Дизниленд беше популарен и луѓето едвај чекаа да го видат, тоа не е ништо во споредба со стадиумот на кој Дизниленд се наоѓа во последните 20 години, кога се претвори во синоним на успешен бизнис спакуван како магична, нова реалност.