Свет 20. август 2020. / 16:34

450 туристи во Сардинија во карантин, заради позитивен вработен од ресорт

450 туристи во Сардинија во карантин, заради позитивен вработен од ресорт
EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Одморот на 450 туристи во Сардинија стана нервоза и броење на денови кога ќе им заврши изолоацијата.

Тие се наоѓаат во одморалиште на северот на Сардинија, кое е ставено во карантин затоа што биле потврдени случаи на коронавирус, а две лица се обиделе да избегаат од тоа место.

Стотици гости на туристичкото одморалиште Санто Стефано, кое му припаѓа на архипелагот Ла Мадалена, се во изолација од понеделник вечер, јавуваат италијанските медиуми.

Еден од двата случаи позитивни на коронавирус на тоа место е сезонски работник, односно музичар, кој е со симптоми, сместен е во болница во градот Сасари во Сардинија.

Туристите имаат дозвола да се движат само во областа, но не им е дозволено да одат на други места.

Во Сардинија досега се потврдени 1.512 позитивни случаи на ковид 19, од кои 134 пациенти починале како резултат на вирусот.