Свет 15. октомври 2018. / 09:45

3.000 затвореници биле евакуирани поради ураганот Мајкл

3.000 затвореници биле евакуирани поради ураганот Мајкл

Официјални претставници на Флорида евакуираа речиси 3.000 затвореници по ударот на ураганот Мајкл.

Затворениците биле евакуирани бидејќи налетот на ураганот два затвори биле оштетени.

Во двата затвори целосно оштетени се покривите. Покрај покривите уништена е и дел од инфраструктурата која е важна за безбедноста на овие објекти.

Ураганот Мајкл од четврта категорија, уништи сè пред себе – згради, домови, деловни објекти, а оштетена е и инфраструктурата. Ураганот донел ветер со брзина од 250 километри на час.

Бројот на жртви во ураганот Мајкл се искачи на 12, а последиците од силното невреме освен во југозападниот дел на Флорида се чувствуваат и во Вирџинија.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани, а се стравува дека бројот на жртви ќе расте. Некои од најзагрозените подрачја допрва треба да го соопштат бројот на жртвите.