Откако пожарот избувна во четвртокот, најмалку 25 луѓе загина во Калифорнија. Бројот на жртвите во Калифорнија се искачи на 25, откако уште 14 тела се пронајдени во градот Парадајс во северниот дел на Калифорнија, изјавија официјални лица.
Во овој град има најголем број на жртви , односно во Парадајс досега загинаа 23 лица, додека другите два жртви од пожарот се пронајдени во близина на Малибу, објави ББС.
Околу 250 000 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови за да го избегнат пожарот.