Свет 07. јануари 2019. / 11:15

19-годишно момче одговорно за хакерскиот напад врз Меркел

19-годишно момче одговорно за хакерскиот напад врз Меркел

Германската федерална полиција го претресе станот на 19-годишен ИТ специјалист во јужниот град Хајлброн како дел од истрагата за масовната хакерски напад на податоци, соопштува „Ројтерс”.

Полицијата го претресе станот и отпадот од домаќинството на Јан Шуерлејн, кој во моментов се третира како сведок и се запленети технички средства.

Германската влада во петокот рече дека лични податоци и документи од стотици политичари и јавни личности, вклучувајќи го и канцеларот Ангела Меркел, се објавени на интернет во една од најголемите прекршувања на податоците во Германија.

Според медиумот RBB, Шуерлејн коментирал порано, дека бил во контакт со корисник – 0rbit , за кого се сомнева дека извршил кражба на податоците преку профил на Твитер, кој бил исклучен.

Шуерлејн објавил скриншот на онлајн разговор со 0rbit од 4 јануари, во кој последниот вели дека ќе ја уништи сопствената компјутерска опрем.

Шуерлејн им објаснува на новинарите дека соработува со полицијата. Тој е испрашуван од полициските службеници.