Свет 19. февруари 2020. / 14:08

Иран никому не ја дава црната кутија од срушениот украински авион

Иран никому не ја дава црната кутија од срушениот украински авион

Оштетената црна кутија од украинскиот патнички авион кој иранската против-воздушна одбрана по грешка го собори во јануари годинава, Иран не планира да ја предаде на ниедна друга земја и покрај притисоците од надвор, соопшти Техеран.

Иранскиот шеф на дипломатијата, Мухамед Џавид Зариф рече дека Иран има право да ги надгледува сите истаги.

– Наше право е самите ние да ја анализираме црната кутија, нагласи Зариф.

Тој категорично ја отфрли можноста црната кутија да ја предаде на истражни органи од други земји на анализа бидејќи таа работа е под надлежност на Техеран, пренесе Ројтерс.

Во меѓувреме, иранскиот министер за осбрана Амир Хатами соопшти дека црната кутија претрпела „сериозни оштетувања“ и дека е побарано од стручњаците од воениот комплекс да ја оспособат за анализа на податоците за летот на украинскиот авион.

Министерот за надворешни работи на Иран, Зариф тврди дека, меѓу другото, Иран е во контакт со други земји за истрагата, посебно со Украина.

Сите 175 патници и членови на екипажот загинаа кога против-воздушната одбрана на елитната Револуционерна гарда на Иран по грешка лансираше ракета земја-воздух на украинскиот патнички авион мислејќи дека е во прашање непријателско летало.