Свет 31. мај 2019. / 10:16

Орбан: Може да го напуштиме ЕПП, ако не ги штити националните интереси на Унгарија

Орбан: Може да го напуштиме ЕПП, ако не ги штити националните интереси на Унгарија

Унгарската партија Фидес би можела да се приклучи на новата групација во Европскиот парламент ако нивното членството во Европската народна партија (ЕПП) не се совпаѓа со националните интереси, рече премиерот Виктор Орбан за државното радио во петокот, пренесува Ројтерс.

Фидес беше суспендиран од ЕПП во март поради наводното непочитување на Орбан во однос на владеењето на правото, слободата на печатот и правата на малцинствата.

Ние сме членови на ЕПП и сега ќе видиме во која насока ќе се движи ЕПП … и дали можеме да влијаеме на тоа и дали е во согласност со интересите на Унгарија и на нејзиниот Унгарски народ.Ако одговорот е да, тогаш ќе останеме во ЕПП, ако одговрот е не, тогаш ќе се зачлениме во нова група, рече Орбан, без да каже на која партиска групација Фидес би можел да се придружи.

ЕПП победи на парламентарните избори во ЕУ, но со намалување на бројот на освоени места, што ја обврзува да формира коалиција со најмалку две други партиски групи за да добие мнозинство. Орбан, на радиото рече дека четиричлената Вишеградска група – Унгарија, Полска, Словачка и Чешка – се согласила да заземе заеднички став при изборот на новите лидери на ЕУ.

Во врска со изборот на новиот претседател на Европската комисија, тој рече дека ќе го поддржи кандидатот кој ќе се залага за анти-миграција, ќе има национални чувства и ќе биде подготвен да ја брани христијанската култура.

Ние имаме таков кандидат на ум, и не е само еден, рече Орбан, одбивајќи да каже било какви имиња.

Фидес освои повеќе од 52% од гласовите во Унгарија на Европските парламентарни избори благодарение на цврстата анти-имиграциска програма.