На големо изненадување за многумина, неопределените држави се вртат се повеќе кон Доналд Трамп. Резултатите кои се познати до сега, заклучно со 05:00 се:
Победа на Доналд Трамп во државите: Западна Вирџинија, Јужна Каролина, Тенеси, Кентаки, Индијана, Алабама, Луизијана, Мисисипи, Арканзас, Оклахома, Мисури, Канзас, Невада, Јужна Дакота, Северна Дакота, Идахо, Вајоминг и Флорида. Вкупно: 143 гласови во изборниот колеџ.
Водство на Доналд Трамп во: Тексас, Северна Каролина, Џорџија, Охајо, Јута, Мичиген, Висконсин, Пенсилванија, Меин, Монтана. Вкупно: 143 гласови во изборниот колеџ. Иако е мала веројатноста за сите овие држави да останат црвени, во ова сценарио Доналд Трамп би го добил својот втор мандат со вкупно 290 гласови во изборниот колеџ.
Победа на Џо Бајден во: Њу Хемпшир, Вермонт, Масачусетс, Њу Јорк, Конектикат, Роуд Ајленд, Њу Џерси, Делавер, Мериленд, Вирџинија, Илиноис, Колорадо, Њу Мексико, Калифорнија, Орегон, Вашингтон. Вкупно: 209 гласови во изборниот колеџ.
Водство на Џо Бајден во: Аризона, Ајова, Минесота. Овие три држави заедно носат вкупно 27 гласови во изборниот колеџ, кои би биле недоволни за Бајден да го освои претседателското место.
Клучната трка ќе се води во држави како Мичиген, Висконсин, Пенсилванија и Северна Каролина, чиј што вкупен број на гласови би можел сериозно да влијае врз исходот од овие избори. Доколку Демократите сакаат да добијат свој претседател, ќе треба да се надеваат на високата излезност и нивната поддршка токму во овие држави.