Спорт 27. декември 2018. / 12:54

(ВИДЕО) Еве го моментот кога Стоилов стана против двојазичноста

(ВИДЕО) Еве го моментот кога Стоилов стана против двојазичноста

На свечениот собир по повод доделување на наградите за „Спортист на годината“ во организација на Агенцијата за Млади и Спорт, капитенот на ракометниот клуб Вардар Стојанче Стоилов демонстративно станал и заминал.

Револтиран од одлуката на организаторот манифестацијата за првпат да има двојазичен карактер, односно освен македонскиот јазик, да се зборува паралелно и на албански, па станал и излегол од салата. Тоа се случило за време на доделувањето на првите две награди за училишен и за средношколски спорт кои ги добија училишта од Чаир и од Тетово кога Стоилов рекол: „Срамота“ и демонстративно излегол.