Спорт 26. декември 2018. / 12:22

(ВИДЕО) Дрес од Алиоски расплака од радост навивачка на Лидс

(ВИДЕО) Дрес од Алиоски расплака од радост навивачка на Лидс

Поранешниот англиски шампион, Лидс Јунајтед, ги минува најдобрите денови во последните две децении и е на прагот да се врати онаму каде припаѓа, во Премиер лигата.

Еуфоријата меѓу навивачите на тимот од Јоркшир е голема, а навивачите на секој меч до последно место го полнат „Иланд Роуд“ и им ја даваат потребната поддршка на своите миленици, меѓу кои е и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски.

Дека популарниот Џани е еден од најомилените фудбалери на фановите, докажува реакцијата на една Англичанка, која се расплака откако од својот татко за божиќен подарок доби македонски дрес од Алиоски.