Спорт 17. јуни 2018. / 17:55

Србија со голема победа над Костарика

Србија со голема победа над Костарика

Репрезентацијата на Србија оствари победа на својот прв натпревар на Светското првенство 2018.

Нашите северни соседи ја надиграа Костарика и запишаа минимална победа од 1:0. Единствениот гол во натпреварот од групата „Е“ падна на почетокот на вториот дел и беше дело на Александар Коларов од директен слободен удар.

„Орлите” можеа да си заминат со поголема во однос на голови победа, но Александар Митровиќ и резервата Филип Костиќ направија неколку многу сериозни пропусти.

Костариканците, исто така, имаа неколку позиции во првиот дел, но генерално Србите ја заслужија победата.

Во истата група вечерва се среќаваат Бразил и Швајцарија, кои се фаворити за освојување на првите две места во групата.