До почетокот на Светското првенство во фудбал остануваат само уште три недели, а организаторите конечно ја промовираа официјалната химна на Мундијалот.
Песната го носи името „Let it up“ и е во изведба на Ники Џам и Ера Истрефи, а тука е и добро позната холивудска ѕвезда, актерот Вил Смит.
Тие ќе се појават на финалето на 15 јули кога во живо ќе се изведува песната.