Од раскинувањето со пејачката Никол Шерцингер, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон немаше сериозна врска.
Со години 33-годишниот возач ги привлекуваше медиумите поради бурната врска со Никол. Се глераа од ноемрви 2007, а врската траеше седум години. Наводно, убавицата го оставила него, оти не сакал да се жени.

Но, затоа возачот неодамна е виден во друштво на рускиот модел Анастасија Квитко, која од него е помлада 10 години.
И додека Николе веќе неколку години во стабилна врска со бугарскиот тенисер Григор Димитров, Луис очигледно не планира да се смири.