Спорт 30. август 2018. / 10:42

Роналдо се пошегува и изненади италијански новинар среде снимање (ВИДЕО)

Роналдо се пошегува и изненади италијански новинар среде снимање (ВИДЕО)

увентус ја оствари и втората победа во новата сезона на Серија А, победувајќи го Лацио со доминација на теренот и резултат од 2:0. Следен противник на менито на Јуве ќе биде тимот на Парма со кого ќе се сретнат овој викенд.

Очите се вперени во Кристијано Роналдо и се чека неговиот прв гол во редовите на италијанскиот шампион, а во меѓувреме Португалецот наоѓа начин да се забавува.

Овој пат реши да го изненади италијанскиот новинар Клаудио Зулиани на кого му влезе во кадар сред снимање.