Спорт 28. јуни 2018. / 22:24

Познати сите осминафинални двојки

Со победата на Белгија со 1:0 над Англија заврши групната фаза на Светското првенство. Белгија стигна до победа со евроголот на Аднан Јанузај. Утрешниот ден е слободен на Светското првенство, а осминафиналните акции продолжуваат од сабота.

Сите осминафинални двојки:

Франција- Аргентина

Уругвај- Португалија

Шпанија- Русија

Хрватска- Данска

Бразил- Мексико

Шведска- Швајцарија

Белгија- Јапонија

Колумбија- Англија