Спорт 18. декември 2018. / 15:10

Познат голман, неговата сопруга и синот загинаа во ужасна несреќа

Познат голман, неговата сопруга и синот загинаа во ужасна несреќа

Голманот на Витебск од Белорусија, Андреј Шербаков, неговата сопруга и синот (6), загинаа во тешка сообраќајна несреќа.

Се уште не е познато што е причината за тоа најдобриот голман во моментов во Белорусија, да помине во спортивната коловозна лента. Според последните, неофицијални информации, автомобилот се излизгал поради лошото време.

Шербаков со своето возило се судрил со камион од спротивната насока. Голманот, неговата сопруга и синот загинале на место, а од возилото живо е извлеечено нивното друго дете, тригодишниот син.