Навивачите на Интер не можат да се помират со поразот од Јувентус (2:3) на „Џузепе Меаца“, а како најголем виновник за брзиот пресврт на Јувентус е означен дефанзивецот Давиде Сантон.
Иако му се замерува и на Спалети што при водство на Интер од 2:1 од игра го извади Мауро Икарди, како и на судијата Орсато, тешки денови по поразот на Интер поминува и сопругата на Давиде Сантон.
Клое Сандерсон која е сопруга на Сантон преку друштвените мрежи добила сериозни закани.
-Всушност немам зборови со кои можам да ги опишам некои луѓе. Постојат такви кои посакуваат моја смрт, силување, тешка болест… Сакам да им кажам на тие луѓе дека мојот татко е тешко болен. Во никој случај не е во ред јас да се плашам да останам сама дома и да гледам кога мојот сопруг ќе се врати. Овој пораз никого повеќе не го боли од самиот Давиде, изјави сопругата на Сантон.