Спорт 12. ноември 2020. / 22:59

По 10.000 евра за сите членови на македонската фудбалска репрезентација

По 10.000 евра за сите членови на македонската фудбалска репрезентација

Премиерот Зоран Заев вечерва објави дека ќе ги награди членовите на македонската фудбалска репрезентација.

Заев на својот Фејсбук профил посочува дека вечерва на седница на Владата донеле одлука од буџетските резерви да ги наградат сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех, односно пласманот на Европско првенство.