Спорт 31. мај 2018. / 16:40

Перез: Ова е тажен ден за мадридистите

Перез: Ова е тажен ден за мадридистите

Тренерот на мадридски Реал, Зинедин Зидан повеќе нема да биде на кормилото на актуелниот освојувач на Лигата на шампионите. Французинот поднесе неотповиклива остаавка на првото тренерско место во „кралскиот клуб”.

Таква одлука соопшти на вонредната прес-конференција.

„Тимот мора да продолжи со победите и потребна му е промена, една поинаква работа. Чувствувам дека повеќе не сум адекватна личност за овој тим, не гледам дека оваа екипа бо продолжила да победува со мене. Имаше комплицирани моменти во текот на сезоната, кога се запрашав… Ја донесов оваа одлука затоа што го сакам Реал и претседателот Перез кому сум му благодарен за се. Реал ми даде се, ќе останам со него целиот мој живот. Сакав сето ова да се заврши на еден убав начин”- порача „Зизу” на собирот со новинарите.

Францускиот стручњак додаде дека им ја соопштил својата одлука на играчите. И дека немало проблеми во соблекувалната.

„Отсекогаш сум ги поддржувал играчите. Во овој момент моам да им заблагодарам за соработката и за довербата. Проживеавме тешки моменти во текто на сезоната. Се заедно пробавме. Почнувајќи од свирежите, кои се составен дел од оваа средина. Лично, разговарав само со капитенот Серхио Рамос и му ја соопштив одлуката, со останатите не. За својата иднина не би сакал да зборувам во овој момент. Ќе видиме во наредниот период. Не размислував ниту за еден друг клуб”.

Жалење искажа и првиот човек на „кралскиот клуб”, Флорентино Перез, кој заедно со Зидан се појави пред медиумите.

„Секако ова е неочекувано за сите после освојувањето на Лигата на шампионите. Но мораме да ја почитуваме одлуката. Денешниот ден е тажен за мадридистите. Сакав Зидан засекогаш да остане со нас. Реал секогаш ќе биде негова куќа. Благодарен сум за се што стори за нас” – истакна Перез.