Србинките го освоја светското првенство во одбојка.
Репрезентативките на Србија на Мундијалот што се одржуваше во Јапонија, во неизвесното финале во кое беа одиграни пет сета ја победија Италија со 3:2.
Во решавачкиот пети се предводени од Тијана Бошковиќ која финалето го заврши со 26 поени, селекцијата на Србија го доби сетот со 15-12, по што можеа да почнат со прославата на освоената титула и златниот медал.
Бронзениот медал им припадна на одбојкарките на Кина кои во „малото финале“ со 3:0 ја победија Холандија.