Светската автомобилистичка федерација (ФИА), го потврди календарот за најдолгата сезона во историјата на Формула 1. Наредната година ќе се возат 23 трки, сезоната ќе започне во Мелбурн на 21-ви март, а ќе заврши на 6-ти декември во Абу Даби.
ФИА соопшти дека календарот ќе зависи и од мерките што ќе се носат во текот на пандемијата на вирусот Ковид-19.
Не е познатот само каде ќе се вози трката на 25-ти април, чии организаторо требаше да биде Вијентнам. Трката во Ханој, се уште не официјално откажана, но сепак нема да се одржи. Главни кандидати за оваа трка се Истанбул, Портимао и Имола.
Нова трка во сезоната ќе биде Големата награда на Саудиска Арабија. Ноќнтата трка во Џеда ќе се вози на 28-ми ноември.
Сезоната 2021 ќе започне во Австралија, а потоа следуваат трките во Бахреин, Кина и замената за Вијетнам.
Сезоната ќе продолжи во Монако, Азербејџан, Канада, Франција, Австрија, Велика Британија, Унгарија, Белгија, Холандија, Италија, Русија, Сингапур, Јапонија, САД, Мексико, Бразил, Саудиска Арабија и Обединети Арапски Емирати.