Спорт 13. август 2018. / 17:44

Неверување на трката во Берлин: Славела медал мислејќи дека е последниот круг (ВИДЕО)

Неверување на трката во Берлин: Славела медал мислејќи дека е последниот круг (ВИДЕО)

Последниот ден на Европското првенство во атлетика во Берлин, меѓу другото го одбележа и неверојатната грешка на Лонах Чемтаи Салпетер, која настапувала за Израел на трката на 5.000 метри.

Во очи на последниот круг, таа се борела за злато рамноправно со Холанѓанката Сифан Хасан. Меѓутоа таа на последниот круг кое го означи ѕвоното, мислела дека трката е завршена, се фатила за глава славејќи „сребро“ не знаејќи дека пред неа има уште 400 метри.

Го изгубила водечкиот чекор, а заостанала пред преостанатите кандидатки кои ја претркале.

Слапетер инаку освои злато на 10.000 метри.