Тројцата швајцарски фудбалери кои го покажаа „орелот“ со своите раце при 2:1 победата над Србија избегнаа суспензија, и беа само парично казнети.
Играчот од средниот ред на Арсенал, Гранит Џака и напаѓачот на Стоук сити, Џердан Шаќири добија казна од 7.500 фунти, а капитенот на Швајцарија и новото засилување на Арсенал, Штефан Лихтштајнер доби 3.700 фунти казна за прославата на вториот гол.
Ова значи дека тројцата фудбалери ќе бидат достапни во последното коло од нивната група против Костарика, каде што ќе бркаат пласман во осминафиналето. Србија има далеку потешка задача против фаворитот Бразил.