Спорт 20. септември 2018. / 11:11

Навивачи на Челси претепани во Солун

Навивачи на Челси претепани во Солун

Навивачи на англискиот фудбалски клуб Челси беа претепани вчера во Грција, пренесе Спорт1.

Грчката полиција соопшти дека двајца Англичани биле претепани од тројца навивачи на грчкиот клуб ПАОК, пред вечерашниот дуел против Челси во рамки на првото коло од групната фаза во Лигата на Европа.

Двајцата англиски фанови биле претепани утрово во центарот на Солун, а напаѓачите побегнале и полицијата соопшти дека навивачите на Челси не сакале да поднесат пријави.

Инаку, ПАОК се надева дека ќе ја продолжи серијата без пораз во Лигата на Европа, но ќе имаат дефинитивно тешка мисија против англискиот гигант во натпреварот од 18.55 часот.