Роман Абрамович, сопственикот на Челзи, се наоѓа во Израел, поради миграциски процес и земање на израелско државјанство.
Тој се одлучи на ова откако неодамна му истече работната виза во Британија. По инцидентот со Сергеј Скрипал, поранешниот двоен, британско-руски шпиун Сергеј Скрипал, кој беше отруен во Солсбери, затегнати се односите меѓу Обединетото Кралство и Русија.
Абрамович поради необновената виза не можеше да присуствува на финалето на ФА Купот на кое неговиот Челзи го надигра Манчестер Јунајтед.
Рускиот олигарх е чест посетител на Израел и филантроп на таа држава и на еврејската заедница во Русија.