Спорт 20. октомври 2018. / 22:18

Металург го надигра Татран Прешов и ја запиша првата победа во сезоната

Металург го надигра Татран Прешов и ја запиша првата победа во сезоната

Ракометарите на Металург го скршија мразот и конечно дојдоа до првата сезонска победа која ја издвојуваа над тимот на Татран Прешов во СЕХА лигата.

Македонскиот преставник славеше со 30-28 (15-11) со што на најдобар можен начин го испрати Халил Јагањац во Нексе од Нашице. Во својот последен меч во дресот на Металург хрватскиот бек даде 6 голови со што беше втор стрелец зад феноменалниот вечерва Анте Токиќ (9 голови од 11 обиди).

На спротивната страна Чип осум пати за тресеше мрежата на македонскиот вицешампион. Следниот меч за металурзите во ова натпреваруавње е на 7 ноември против Стеауа.