Спорт 06. мај 2018. / 16:53

Македонскиот возач Иџе излета од патеката – трката прекината поради инцидентот (ВИДЕО)

Македонскиот возач Иџе излета од патеката – трката прекината поради инцидентот (ВИДЕО)

Македонскиот возач Игор Стефановски Иџе имаше страшно излетување на патеката „Ле Кастелет“ во рамките на втората трка од ТЦР Европа – серијата, пишува Екипа.

Уште во воведниот круг, Иџе имаше блиска средба со еден од конкурентите, а потоа неговиот автомобил се изврте и силно удри во заштитната ограда. Трката веднаш прекината до расчистување на инцидентот.