Спорт 25. јуни 2018. / 11:06

Македонскиот ракометар се заколна на вечна љубов во родното Крушево (ФОТО)

Македонскиот ракометар се заколна на вечна љубов во родното Крушево (ФОТО)

Филип Талески, ракометниот репрезентативец на Македонија денеска го кажа судбоносното „ДА“. Тој стапи во брак со својата избраничка Елена Секуловска, а се регистрирале во неговото родно Крушево.

Талески, кој инаку настапува за екипата на Рајн Некар има 22 години, а неговата сопруга е од Битола и живее во Германија.

Со ова и тој влегува во групата на ракометари во сениорскиот состав кои се во брак, а како изгледаше денеска на регистрацијата можете да погледнете во продолжение од фотографиите објавени на неговиот Фејсбук профил.

Нека им е со среќа!