Спорт

Македонската Кендо репрезентација на Светско првенство во Јужна Кореја

Македонската Кендо репрезентација на Светско првенство во Јужна Кореја

Македонската Кендо репрезентација ќе го има својот дебитантски настап на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Инчеон, Јужна Кореја од 14.09 – 16.09.2018 година.

Составот за кој се одлучи селекторот Проф. Д-р Златко Кесковски е речиси истиот оној кој, ова лето во јуни, ја одбрани бронзата на балканското првенство во Истанбул, Турција.

Ивановски, Кесковски, Пешков, Бојда и Атанасовски ќе се судрат со репрезентациите на Кина и Аргентина во групната фаза каде што мораат да остварат 2 победи за да продолжат во елиминационата фаза.

Во индивидуалниот дел од првенството Ивановски ќе се бори со А.Сегофи (УНГ) и А.Виквист (ФИН), Кесковски против С. Апеланиз (ШПА) Пешков против шампионот на Јапонија Ј.Катсуми и Д.Гаспариќ (ХРВ) и Атанасовски со К.Јервуд (ПОЛ) и Б.Вонг (САД), изјави Генералниот Секретар Николче В. Балески.

На овој настан учество ќе земат 49 држави и преку 500 натпреварувачи во две категории мажи и жени.

Натпреварите ќе може да се следат на официјалната страна www.17wkc.kr

Воедно, Македонската Кендо федерација стана полноправен член на Меѓународната Кендо федерација што е исклучителен успех на ова поле за Република Македонија. После вложените напори, труд, работа и време на Претседателот на Кендо федерацијата Проф. Д-р Златко Кесковски и Генералниот Секретар Николче Балески, Македонија испишува нова историја во рамки на овие спортски натпреварувања.