Од 24 јуни до 1 јули во Тарагона, Шпанија ќе се одржат 18. Медитерански игри од кои ќе биде дел и нашата земја, па денеска стручниот штаб на машката ракометка репрезентација го објави поширокиот список на играчи на кои ќе смета за овој настан.
Станува збор за комбиниран состав од сениорски имладински репрезентативци и неколкумина помлади ракометари кои најдоа место на листата од 24 имиња. Првиот тренинг е закажан за 4 јуни во 16:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.
Да потсетиме Македонија во групната фаза во Тарагона ќе ги одмери силите со Турција, Египет и Србија.