Горан Величковиќ (33), лидерот на навивачката група „Партизан“ е пријавен за исчезнат во средата, на 5 август.
Исчезнувањето на Величковиќ, го пријавила неговата сопруга, која последен пат го видела во понеделникот попладне на улицата Вишеградска, во центарот на Белград.
Величковиќ во јавноста е познат како лидер на навивачите на Партизан, кои заедно со Милош Радосављевиќ се повлекоа од јужната трибина и основаа нова навивачка група „Партизановци“, која во меѓувреме се повлече од источната страна на стадионот „Партизан“ и привремено ги прекина своите активности