Спорт

И Снуп Дог навива за Хрватска

И Снуп Дог навива за Хрватска

Хрватска стана светски хит поради нејзините фудбалери кои вчера со победата над Англија се пласираа во финалето на Светското првенство. Со историскиот успех на генерацијата предводена од феноменалниот Лука Модриќ е надминато третото место кое Хрватите го освоија во Франција во 1998 година. Овој голем спортски успех беше забележан и од една позната светска ѕвeзда.

Имено, еден од оние што го поддржа пласманот на Хрватска во финалето е и Снуп Дог, еден од најпознатите светски рапери.