Хрватска загуби од Шпанија со резултат 22:20 во финалето на Европското првенство во ракомет. Со тоа „коцкестите“ повторно останаа само на чекор до освојување на европската титула, единствената што им недостасува од големите натпреварувања.
Пред ова првенство, Хрватите губеа двапати по ред во финалните натпревари на првенствата во 2008 и 2010 година.
Затоа, пак, со триумфот во финалето Шпанија дојде до своето второ злато и стана втората селекција што успеала да ја одбрани титулата. Претходно таков успех имаше само Шведска, која освојуваше злато трипати по ред во 1998, 2000 и 2002 година.
Дполнителна радост за „Црвената фурија“ носи и тоа што со овој триумф си обезбеди директно учество на Олимписките игри во Токио во 2020 година.
Двете селекции одиграа одличен натпревар, а нијанси го одлучија победникот. Во финишот, Карачиќ направи чекори, додека на другата страна стигна казната.
Алеиш Гомез со пет гола беше прв стрелец во редовите на Шпанија, а ист број погодоци имаше и Домагој Дувњак кај Хрватите.