Спорт 25. мај 2018. / 10:05

Хаос пред финалето на Лигата на шампионите: Навивачи на Ливерпул нападнати од хулигани (ФОТО)

Хаос пред финалето на Лигата на шампионите: Навивачи на Ливерпул нападнати од хулигани (ФОТО)

Само еден ден пред финалето на Лигата на шампионите, настана хаос во Киев.

На улиците во украинскиот главен град се случил инцидент, каде на мета биле навивачите на Ливерпул.

Британски „Мирор” ексклузивно објави дека група навивачи на Ливерпул биле нападнати во еден ресторан во Киев, пред финалето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид и тоа додека мирно вечерале. Групата на маскирани хулигани, им направила заседа на навивачите, од која многумина се здобиле со повреди.

Англиските медиуми пренесуваат дека околу 20 хулигани ги нападнале, додека навивачите на Ливерпул се обиделе да се бранат користејќи ги столиците и масите од ресторанот.

Украинската полиција реагирала и уапсила само двајца напаѓачи.