Спорт 31. декември 2018. / 10:59

Гвардиола: Ливерпул е најдобриот тим во Европа

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече дека Ливерпул е најдобриот тим во Европа.

На 3 јануари „граѓаните“ ги очекува дуел со Ливерпул, за кој Гвардиола рече дека не смеат да го загубат за да останат во игра за титулата.

– Го имаме за ривал во моментов најдобриот тим во Европа и во светот. Знаеме дека ако загубиме ќе се збогуваме со трофејот. Не дека и тие нема да изгубат бодови до крајот, но нивната предност ќе биде недостижна. Мислам дека во таков случај трка за титулата ќе заврши- истакна шпанскиот фудбалски стручњак.

По 20 рунди во Премиер лигата, Ливерпул е лидер со 54 бода, Манчестер сити е втор со 47.