Уго Лорис, голманот и капитенот на Тотенхем, бил приведен бидејќи возел пијан.
Лорис рано утрово бил запрен при рутинска контрола од страна на полицијата и не го поминал тестот за алкохол.
Тој потоа е пренесен во полициска станица, од каде подоцна му било дозволено да си замине со кауција.
Од локалната полиција соопштија дека поради прекршокот Лорис мора да се појави на 11-ти септември на суд во Лондон.