Спорт 13. јануари 2019. / 15:30

(ФОТО) Потегот на Борко за време на интонирањето на химната стана хит

(ФОТО) Потегот на Борко за време на интонирањето на химната стана хит

Популарниот „министер за одбрана“, голманот на ракометната репрезентација Борко Ристовски за време на интонирањето на националната химна пред денешниот дуел со Бахреин, направи гест кој многумина го искоментираа.

Додека сите ракометари ги пееја стиховите од „Денес над Македонија се раѓа“, Борко со својата десна рака, на срцето направи симбол кој означува „Обединета Македонија“.

По првиот дел, со повеќе осцилации во играта, Македонија сепак го покажа својот квалитет во однос на Бахреин и имаме предност од 12:8.