Спорт 21. јуни 2018. / 11:27

Џорџина Родригез се пофали со веренички прстен на трибините на Светско

Џорџина Родригез се пофали со веренички прстен на трибините на Светско

Џорџина Родригез го бодреше Кристијано Роналдо на Светското првенство во Москва на натпреварот на Португалија со Мароко.

Она што не можеше да остане незабележано е огромниот дијамантски прстен, кој според експертите е од брендот Cartier и чини речиси 700.000 евра.

На трибините Џорџина впечатливо го покажуваше и се фалеше со блескавиот прстен на своја познаничка додека навиваа за Португалија, а таа беше видно изненадена.

Тоа секако направи фановите и медиумите веднаш да помислат дека се работи за веренички прстен, со оглед на тоа што неодамна беше забележана на црвен тепих во фустан кој го открива нејзиното заоблено стомаче, со што поттикна гласини за повторна бременост.

❤@georginagio #georginarodriguez

A post shared by CRISTIANO RONALDO VIDEOS! ?? (@cristiano.real.madridista_) on