Спорт

Даглас Коста подготвен за Белгија

Даглас Коста подготвен за Белгија

Бразилецот Даглас Коста закрепна од повредите и ќе биде подготвен за натпревар против Белгија во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, објави Бразилската фудбалска конфедерација.

Фудбалерот на Јувентус се повреди на натпреварот против Костарика (2:0) во групната фаза.

Потоа ги пропушти натпреварите со Србија (2:0) и осминафиналето со Мексико (2:0).

Коста го издржа последниот тренинг со тимот и тој беше во конкуренција за дуелот со Белгијците.

Натпреварот помеѓу Бразил и Белгија се игра в петок (6 јули) во 20 часот во Казањ.