Спорт 07. август 2018. / 18:04

Бекам со неговото семејство преживеале кошмар во Индонезија

Бекам со неговото семејство преживеале кошмар во Индонезија

Поранешната англиска суперѕвезда Дејвид Бекам преживеал вистински кошмар заедно со својата сопруга Викторија и семејството, затоа што биле во Индонезија кога силен земјотрес ја погоди овој дел на Азија во близина на туристичката атракција Бали.

Бекам со Викторија и своите четири деца биле во Индонезија, кога земјотрес од седум степени по рихтер го погодил островот Ломбак, по што било издадено предупредување за можно цунами и евакуација на дел од подрачјата. Од земјотресот загинале 142 луѓе.

Инаку семејството на англиската ѕвезда било на одмор на само 100 километри од епицентарот на земјотресот. Тие во Индонезија дошле еден ден пред земјотресот, па сега според најавите најверојатно ќе се вратат во САД.