Спорт 07. јули 2018. / 13:33

Бекам до Ибрахимовиќ: Ако загуби Англија ќе ти го опремам целиот стан од „ИКЕА“

Бекам до Ибрахимовиќ: Ако загуби Англија ќе ти го опремам целиот стан од „ИКЕА“

Селекциите на Шведска и Англија вечерва го играат еден од најважните натпревари во нивните фудбалски истории. Двете селекции се во можност по подолг период да играат едно полуфинале на Светско првенство, а за тоа им е потребна само победа на дуелот кој се игра во Самара.

Во најава на овој меч најдобриот шведски фудбалер на сите времиња, Златан Ибрахимовиќ, истакна дека Шведска може да биде светски шампион, а на Твитер испрати порака до некогашниот капитен на „Гордиот Албион“.

„Ако слави Англија, те носам на вечера каде сакаш, но ако победи Шведска, тогаш ќе ми купиш сè што ќе посакам од ИКЕА?“, напиша Златан на Твитер.

Некогашниот соиграч во редовите на ПСЖ веднаш му возврати и тоа со интересен предлог.

„Доколку Шведска се пласира во полуфинале, ќе ти купам цел мебел за новиот стан во Лос Анџелес, но ако победи Англија, тогаш ќе мораш да дојдеш на „Вембли“ на меч на Англија и тоа со дрес од репрезентацијата“, напиша Бекам.

Мечот меѓу Шведска и Англија се игра денес со почеток од 16.00 часот, а победникот ќе игра полуфинале против подобриот од вечерашниот дуел меѓу домаќинот Русија и Хрватска.