Сопствениците на парцелата спроти ГТЦ во Ново Маало 2 го купиле земјиштето за двојно пониска цена од пазарната, пишува Сител.
Според документите кои ги објавија медиумите, двете фирми својот дел го платиле по 300 евра за метар квадратен. Ова земјиште претходно било проценето на 640 евра по квадратен метар, сума ја утврдил проценител на имотот на МПЦ уште во 2010 кој е на истата градежна парцела. По донесениот ДУП дека на ова место општината предвидува згради за колективно домување, земјиштето не поскапува. СО уредба на Влада во 2016 е одлучено цената за дооформување на парцелата по метар квадратен да биде највисоката односно, 19.200 денари. По оваа сума е откупено државното земјиште од страна на двете фирми Обновители и М.Г ФЕШН. Министерството за транспорт вели дека процедурата е направена согласно законот, а двете фирими вкупно платиле 2.8 милиони евра и добиле 7401 метар квадратен. Заедно поседуваат 13640 м2 .
Градоначалникот на Центар тврди дека до сега не е поднесено барање за градежна дозвола. Мораториумот за градба се уште е на сила и доколку добијат вакво барање истото ќе биде ревидирано а Богдановиќ уверува дека ќе се потруди да ја намали висината на планираните 60катници. Заменикот министер за животна средина смета дека не е извесна изградбата на висококатниците и посочи дека за секоја градба во иднина ќе мора да се почитува и правилникот за зеленило кој деновиве ќе биде донесен.
Инаку од вчера паркингот спроти ГТЦ е во приватна сопственост. АД за станбен и деловен простор одлучи да престане со работа поради ново настанатата состојба . Парцелата не е оградена, пркингот денеска е отворен и граѓаните паркираат бесплатно.