Сообраќајка помеѓу камион и автомобил го закрчи сообраќајот во скопка Автокоманда.
За среќа во сообраќајката која се случи околу 15 часот, немаше повредени лица, причинета беше само материјална штета.
Сообраќајот беше во застој, а возачите чекаа и по повеќе од половина час, додека полицијата правеше увид.