Скопје 25. август 2020. / 09:59

Закажано, па одложено за утре прскањето против комарци

Закажано, па одложено за утре прскањето против комарци

Вонредното авионско прскање против комарци во Скопје што требаше да почне денеска, поради неповолните временски услови, е одложено за утре и задутре во раните утрински часови.

Град Скопје информира дека вонредната дезинсекција е поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување на комарците.

Градските власти апелираат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.