Скопје 03. ноември 2019. / 10:15

Забрана за сообраќај 24 часа: Се асфалтираат улиците „Бихаќка” и „Црниче”

Забрана за сообраќај 24 часа: Се асфалтираат улиците „Бихаќка” и „Црниче”

Град Скопје информира дека денеска ќе продолжи асфалтирањето на дел од улицата „Бихаќка” и улицата „Црниче”, на потегот од улицата „Фредерик Шопен” до подвозникот.

Поради тоа, овој дел од улицата ќе биде затворен, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Посочената делница ќе биде затворена за сообраќај 24 часа.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.