Во текот на изминатите денови на подрачјето на Скопје се случиле 22 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и 14 со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и 11 лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Санкционирани се 21 возач бидејќи се возеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај се исклучени 49 возачи и тоа: 44 возачи затоа што управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, тројца биле возачи почетници а двајца бидејќи возеле под дејство на алкохол.
Исто така, девет возачи се санкциониран бидејќи поминале крстосница на црвено светло, двајца не дале првенство на минување на пешаци а петмина неправилно се престреоиле. Покрај ова од сообраќај се исклучени 34 возила – од нив 30 заради тоа што биле нерегистрирани и четири возила затоа што биле технички неисправни.
Во однос на пешаците – двајца пешаци се санкциониран бидејќи поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 79 мандатни платни налози, додека 30 возила се подигнати со “Пајак”.