Скопје 13. февруари 2021. / 20:00

За што троши Шилегов по еден милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

За што троши Шилегов по еден милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

Градот Скопје е блокиран и непроооден при првиот снег. За што троши Шилегов по еден милион евра кога Скопје е непроодно при првиот снег, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Неспособноста на Шилегов се покажа при првиот снег. Само за лани и пред две години потрошени се еден милион евра за наводно чистење на снег кој не падна, а сега Скопје е блокирано. 64.900.000,00 денари или над 1 милион евра е договорот кој Петре Шилегов го склучи со фирмата „Аполо Инженеринг“ за изнајмување на возила за чистење на снег на улици во Скопје во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март за 2019-2020 година, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Според нив Шилегов освен неосновната ароганција и заразна неспособност не покажува никакви други резултати.

– Во нормална држава Шилегов кривично ќе одговара за потрошените пари чии резултат е еднаков на нула. Снегот ги покри дивите депонии во Скопје но не и неспособноста на Шилегов, завршуваат од опозициската партија.